Posts

Image
  Алиоски е роден во 1992 г. во прилепското село Црнилиште и заминал во Швајцарија уште како дете, каде ја започнал својата фудбалска кариера .
Image
  Саат кулата во Прилеп претставува споменик на културата. Градена е во периодот 1825/1826 година. Подигната од Саид-ага, висока околу 40 м, заедно со столбовите и конусот на врвот достига до 55 м. Реновирана во 1836/37 и 1896/97 година, а во меѓувреме бил поставен часовник во 1858 година. Градители на денешната Саат кула се мајсторите Христо Тасламиче, Петре Лауцо и неговата тајфа, кои новата кула ја подигнале на местото на старата (дрвена) која изгорела во пожар 1854 година. Била градена на шестаголна основа со масивни камени блокови со вкупна височина од 38,76 метри, а заедно со столбовите и конусот достигнува 55 метри.
Image
  Фудбалот во Прилеп - низ историјата за спортските активности на жителите на градот Прилеп, неосновано е да се мисли дека со фудбалот во Прилеп започнува и спортската историја. Остатоците на античкиот град Стибера, кај Чепигово, со гимназиумот, што е единствен таков наод на територијата на денешна Република Македонија, како и останатите такви објекти во Солун, Аполонија (Нехори), Амфиполис (Полина), Хераклеја Линкестис, укажува на фактот дека тука се организирани спортски активности уште од периодот на Филип II Македонски (359-336г.пред наша ера) Пред доаѓањето на првата топка во Прилеп, децата во населените места - селата, по чешлањето на грубиот добиток од влакната правеле топки. Тие биле значително поголеми од тениските, но ниедна не била слична на фудбал. По завршувањето на Првата светска војна почнува да се игра фудбал во Прилеп, во време кога според публикувани податоци од периодот на Балканските војни градот имал 22 684 жители. Со пописот од 1921 година имало 18 500 жители., а

Прилеп

Image
  Прилеп Прилеп – градот под Марковите кули Прилеп е град во Македонија, сместен во северниот дел на Пелагониската Котлина, во југозападниот дел на Република Македонија. До него се стигнува преку магистралниот пат А 3 и се наоѓа на 128 километри југозападно од главниот град Скопје. Познат е како „градот под Марковите Кули“ поради неговата близина до кулите на легендарниот херој Крали Марко. Градот е одликуван со орден на народен херој на Југославија на 7 мај 1975 и е еден од осумте одликувани града во СФР Југославија со овој орден. Покрај тоа носители на овој орден се уште 14 лица кои потекнуваат од Прилеп и Прилепско.