Саат кулата во Прилеп претставува споменик на културата. Градена е во периодот 1825/1826 година. Подигната од Саид-ага, висока околу 40 м, заедно со столбовите и конусот на врвот достига до 55 м. Реновирана во 1836/37 и 1896/97 година, а во меѓувреме бил поставен часовник во 1858 година. Градители на денешната Саат кула се мајсторите Христо Тасламиче, Петре Лауцо и неговата тајфа, кои новата кула ја подигнале на местото на старата (дрвена) која изгорела во пожар 1854 година. Била градена на шестаголна основа со масивни камени блокови со вкупна височина од 38,76 метри, а заедно со столбовите и конусот достигнува 55 метри.



Comments