Прилеп

 Прилеп

Прилеп – градот под Марковите кули Прилеп е град во Македонија, сместен во северниот дел на Пелагониската Котлина, во југозападниот дел на Република Македонија. До него се стигнува преку магистралниот пат А 3 и се наоѓа на 128 километри југозападно од главниот град Скопје. Познат е како „градот под Марковите Кули“ поради неговата близина до кулите на легендарниот херој Крали Марко. Градот е одликуван со орден на народен херој на Југославија на 7 мај 1975 и е еден од осумте одликувани града во СФР Југославија со овој орден. Покрај тоа носители на овој орден се уште 14 лица кои потекнуваат од Прилеп и Прилепско.

Comments