Posts

Showing posts from June, 2023
Image
  Алиоски е роден во 1992 г. во прилепското село Црнилиште и заминал во Швајцарија уште како дете, каде ја започнал својата фудбалска кариера .
Image
  Саат кулата во Прилеп претставува споменик на културата. Градена е во периодот 1825/1826 година. Подигната од Саид-ага, висока околу 40 м, заедно со столбовите и конусот на врвот достига до 55 м. Реновирана во 1836/37 и 1896/97 година, а во меѓувреме бил поставен часовник во 1858 година. Градители на денешната Саат кула се мајсторите Христо Тасламиче, Петре Лауцо и неговата тајфа, кои новата кула ја подигнале на местото на старата (дрвена) која изгорела во пожар 1854 година. Била градена на шестаголна основа со масивни камени блокови со вкупна височина од 38,76 метри, а заедно со столбовите и конусот достигнува 55 метри.
Image
  Фудбалот во Прилеп - низ историјата за спортските активности на жителите на градот Прилеп, неосновано е да се мисли дека со фудбалот во Прилеп започнува и спортската историја. Остатоците на античкиот град Стибера, кај Чепигово, со гимназиумот, што е единствен таков наод на територијата на денешна Република Македонија, како и останатите такви објекти во Солун, Аполонија (Нехори), Амфиполис (Полина), Хераклеја Линкестис, укажува на фактот дека тука се организирани спортски активности уште од периодот на Филип II Македонски (359-336г.пред наша ера) Пред доаѓањето на првата топка во Прилеп, децата во населените места - селата, по чешлањето на грубиот добиток од влакната правеле топки. Тие биле значително поголеми од тениските, но ниедна не била слична на фудбал. По завршувањето на Првата светска војна почнува да се игра фудбал во Прилеп, во време кога според публикувани податоци од периодот на Балканските војни градот имал 22 684 жители. Со пописот од 1921 година имало 18 500 жители., а